„Вертикален гасен коридор“ ќе градат Бугарија, Грција, Романија и Унгарија

Економија
Typography

Пет гасни компании од Бугарија, Грција, Романија и Унгарија денеска во Букурешт потпишаа Меморандум за разбирање за изградба на „Ветикален гасен коридор“.

Како што јави БТА, Меморандумот го потпишаа бугарските компании „Булгартрансгаз ЕАД“ и ИЦБГ, грчката ДЕСФА, романската „СНТГН Трансгаз“ и унгарската ФГСЗ.

Овој документ се надоврзува на Меморандумот за изградба на овој гасен коридот. што лани во септември го потпишаа министрите за енергија на Бугарија, Грција, Романија и Унгарија на средбата на Работната група за гасно поврзување на Централна и Југоисточна Европа.

Со Меморандумот потпишан денеска во Букурешт се предвидува соработка меѓу петте гасни компании со цел поврзување на гасоводните мрежи на Бугарија, Грција, Романија и Унгарија во единствен систем, како и промоција на проекти од заеднички интерес.

Компаниите потписнички на Меморандумот се обврузуваат дека овој документ ќе претставува основа за идна соработка во развојот на системите за дистирбуција на гас низ четирите држави и кон останатите европски земји.

Поврзувањето на националните гасни инфраструктури на четирите земји е во рамки на плановите за остварување на целите на Европската енергетска унија.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.