Јотингер: Преговорите за брегзит зависат од тоа каква влада ќе добие В.Британија

Економија
Typography

Еврокомесарот за буџетот Гинтер Јотингер прогнозира дека преговорите за брегзит може да почнат на 19 јуни,
како што беше предвидено, пренесоа агенциите.

Тој предупреди дека ако Велика Британија добие слаба и лоша влада, преговорите за брегзит ќе бидат лоши и за двете страни.
Британскиот премиер Тереза Меј го изгуби мнозинството и се наоѓа во една не особено едноставна ситуација бидејќи не се знае каква ќе биде конфигурацијата на владата, рече Московичи.
- Што се однесува до нејзините потенцијални сојузници, таа може да најде такви во ирските унионисти, но дури и така ќе има една исклучително краткотрајна влада - посочи еврокомесарот.
Германскиот заменик-министер за надворешни работи, Михаел Рот, рече дека сега ЕУ е должна да ги започне што е можно побргу преговорите за брегзит. Имаме помалку од 2 години да го договориме излезот на Британија од ЕУ, па не треба да губиме време, додаде дипломатот.
Чешкиот премиер Бохуслав Соботка рече дека Велика Британија треба брзо да формира влада бидејќи веќе беа изгубени неколку месеци од преговорите за брегзит. Се надевам дека составувањето на новата влада нема да трае долго време, рече тој.
Истовремено британски медиуми објавија дека Тереза Меј нема намера да поднесе оставка.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.