Фудбалерот Јанушев повреден во оружената престрелка во Аеродром?

Македонија
Typography

Фудбалер тешко повреден во оружен инцидент на улица Владимир Комаров

Едно лице е тешко повредено во оружен инцидент на улицата „Владимир Комаров“ во скопската општина  Аеродром.

Очевидци велат дека со четири до пет куршуми во пределот на главата и вратот е погодено лицето, а Телма, повикувајќи се на извори од МВР, јавува дека станува збор за Мартин Јанушев, активен фудбалер.

Случајни минувачи го сместиле повреденото лице во приватно возило и го транпортирале во непознат правец.

Полициски екипи се веќе пристигнати на терен. Напаѓачот е во бегство, а оружјето го оставил на самото место.

-Денеска околу 17.40 часот  на ул.„Владимир Комаров “ пред кафулето „Гет кафе“,  непознато машко лице со сив дуксер со огнено оружје пукал во Мартин Јанушев.Мартин е пренесен во Градска општа болница – информираат од МВР.

Полицијата е излезена на лице место, а подетални информации ќе соопштат подоцна.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.