Изгоре автомобил на Градоначалникот на општина Бутел

Македонија
Typography

Вчера околу 12 часот на улица Бутелска во Скопје, од непознати причини, во движење се запалило патничко возило „пежо 407“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на општина Бутел.

Возилото било опожарено во пределот на моторот, а било изгаснато од случајни минувачи. Повредени лица нема.

Денес се изврши примопредавање на функцијата Градоначалник на општина Бутел на досегашниот Петре Латиновски кој водеше со општината 12 години седнува ново избраниот градоначалник Велимир Смилевски.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.