Велимир Смилевски официјално Градоначалник на општина Бутел

Македонија
Typography

Велимир Смилевски денеска официјално стапи на градоначалничката функција во општина Бутел.

-„Со голема чест, но и одговорност, денеска, ја примив функцијата градоначалник на општина Бутел. Во ова мое прво обраќање како градоначалник на општина Бутел, сакам од срце да им се заблагодарам на граѓаните за поддршката и довербата која ми ја дадоа на мене и на мојот тим.

Ветувам, ќе ги реализираме ветените проекти, ќе работиме одговорно и вредно. Наредните четири години ќе ја водам општина Бутел во нови успеси. Мојот кабинет секогаш ќе биде отворен за проблемите на граѓаните, нивните идеи и забелешки. Задно ќе ја градиме иднината на нашиот Бутел. Да обезбедиме подобар и квалитетен живот за сите!“, напиша градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски на социјалните мрежи.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.