МВР расчиси два случаи за лица кои се фотографирале со оружје

Македонија
Typography

Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности за утврдување на веродостојноста на информациите.

По добиена информација од медиумите за лица кои наводно пукале и се фотографирале со оружје за време на Локалните избори 2017 година, од страна на Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности за утврдување на веродостојноста на информациите. Врз основа на Наредба од Основен суд Скопје 1 -Скопје бил извршен претрес на дом и други простории кај лицето С.А. (32) од с.Арачиново, скопско. При претресот, не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело 

Исто така, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес на дом и други просториии и кај лицето В.Г. (26) од Скопје. И кај ова лице не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.
Лицата биле лишени од слобода и во Полициската станица Гази Баба со нив бил извршени разговори, биле направени службени белешки, по што биле ослободени.
За настанот писмено бил известен Јавен обвинител.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.