(ГАЛЕРИЈА) Награди за најталентираните ученици за Денот на општина Центар

Македонија
Typography

Талентираните ученици од основните училишта во општина Центар добија месечни стипендии. 14 од нив ќе добиваат по 2.000 денари, а еден ученик 2.500 денари месечно.

Најубаво уредените училници во одделенска настава и по предметна настава како награда добија ЛЦД проектор, како и најактивните училишта на фејсбук страната на Одделението за образование.

Шест сооодветни подароци за ученици и две награди за училишта учесници во проектот „И ние децата сме учесници во сообраќајот“. Два велосипеди добија училиштата по пат на жребување.

Признанијата на најдобрите и најталентираните кои се во рамки на одбележувањето на Денот на општината им ги додели градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Пред присутните, ученици, наставници, родители, колеги градоначалници и вработени во општинската администрација, вети дека децата се и ќе бидат врвен приоритет и ќе имаат најдобри услови за престој, забава и образование.

„Општина Центар, точно утре полни 41 година. Пред нас се многу предизвици за чие исполнување ќе бидат потребни посветеност и енергија. Центарци ја имаат таа енергија, водени пред сѐ од љубовта кон општината. Се разбира најголемата одговорност ја имаме јас како градоначалник и мојот тим. Ние во предизборниот период дадовме ветувања и цврсто стоиме зад нив. Центар беше Ел Дорадо за урбанистичко дивеење .Ќе го средиме хаосот во Центар од секој аспект. Ќе ги ослободиме тротоарите, ќе направиме сѐ што е во наша моќ да се намали загадувањето“, рече Богдановиќ.

 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.