(ФОТО) ОБНОВЕНО: Рекетари, насилници, криминалци - Тимот на кандидатот на Груевски за Бутел

Македонија
Typography

Рекетари, криминалци, насилници се носители во тимот на осомничениот насилник Дарко Костовски, кандидатот на Никола Груевски за Бутел.

Дарко Костовски преку нив се заканува, го навредува и напаѓа секој оној кој што размислува поинаку од него. Сепак гласачите ги препознаваат овие насилнички структури и затоа одбираат просперитет, проекти и иднина со кандидатот за градоначалник на Бутел од СДСМ Велимир Смилевски, наместо деструкција и самоуништување со Дарко Костовски.

1. Дејан Киранџиски, вработен во ЈП„Паркови и Зеленило“ како шеф со фалсификувана диплома од средно образование. Повеќе години не оди на работа, а зема плата. Претседател е на месниот комитет „Климент Охридски“. Има дебело криминално досие: Неколку тепачки во кафе бар „Ројал“, обид за убиство со нож кај супермаркетот Стокомак, тепачка во црквата во Кучевишка Бара, тепачка во село Кучевиште, изнуда, рекет, уцени... Дарко Костовски му ветувал дека доколку победи ќе го поставел главен комунален инспектор, а новата сопруга ќе ја назначел за директор на градинките во Бутел.

2. Дејан Митровски - Лигуш, довчерашен член на СДСМ, вработен во Катастар, а Дарко Костовски му ветил вработување како началник на урбанизам во општина Бутел.

3. Стефан Калошев, вработен во Влада на РМ, син на Хаки Бајрам (внук на Амди Бајрам). Му било ветено работно место шеф на администрација во општина Бутел.

4. Вене Тасев, криминалец избркан од општина Чаир, Дарко Костовски му ветил вработување како секретар во општина Бутел.

5. Горјан Донев, вработен во канцеларијата на Ѓорге Иванов, ветено му е работното место раководител за односи со јавноста во општина Бутел.

6. Дејан Велковски Ќело, вработен во Македонски железници, лажен патриот со бугарски пасош, а Костовски му ветил вработување во општина Бутел на местото раководител за јавното осветлување.

7. Браќата Тапчановски, криминалци и газди на детското одмаралиште „Радости“, едниот е директор на ОУ„Климент Огридски“, а другиот ќе бил началник за образование во општина Бутел. 

8. Билјана Тодоровска, началник на сметководство во општина Бутел, секретарка на Дарко Костовски.

9. Марика Поповска, вработена во државната администрација, ветено и било работно место во општина Бутел за нејзината ќерка.

10. Горан Цивлачки, вработен во МЕР, ветено му било вработување за неговиот брат во општина Бутел.

11. Ључо Љотевски, ветено му е вработување како директор во ОУ„Живко Брајковски“

12. Стефан вработен во Музеј на ВМРО, добил ветување лично од Дарко Костовски за вработување на неговата сестра.

13.Владимир Богдановски, ветено му е работно место комунален инспектор

14. Сато вработен во МВР во единицата „Алфи“, изнудувач и рекетар, а ветено му е да биде главен за агенцијата за обезбедување на училиштата и градинките во општина Бутел.

15. Диме Маџовски, вработен во министерството за образование и наука, со ветување дека ќе станел директор на ОУ„Ацо Шопов“.

16. Николина Тарчуговска за директор во ОУ„Гоце Делчев“.

17. Зоран Марковски, вработен во ЈСП Скопје, познат насилник и манипулатор, главен на месната заедница во Визбегово.

18. Дејан Куче вработен во ЈП„Водовод и Канализација“, му било дадено ветување дека ќе стане главен економист за градинките во Бутел.

19. Дејан Павличковски Манто, се фалел дека ќе стане главен на месната заедница во село Љубанци и главен комунален инспектор. 

20. Доктор Горан Китановски му ветиле дека ќе биде главен санитарен инспектор во општина Бутел

Ова е доказ дека осомничениот рекетар и насилник Дарко Костовски, кај стигне лаже нудејќи вработување на секого во општината. Според овие лаги, се поставува прашањето, дали татко му Ацо Костовски, му ја има оставено во наследство општина Бутел на неговиот син Дарко Костовски.

(ВО 2006 ЗА ВРЕМЕ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ТАТКО МУ И ДАРКО И ЦЕЛАТА ФАМИЛИЈА ЗАЕДНО РАБОТЕА ЗА “ДОМ”, А ЗА НАГРАДА ГИ ВРАБОТИЈА И ТАТКО МУ И МАЈКА МУ. ПО ПОБЕДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО 2011 ДАРКО СТАНУВА ЧЛЕН НА ВМРО-ДПМНЕ И СО ПОМОШ НА НЕГОВИОТ ВУЈКО (ВЕЛЕ ГЕОРГИЕВСКИ) СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УМС БУТЕЛ.

– ПО СТАНУВАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УМС БУТЕЛ, ГО ФОРМИРА ТАЕКВОНДО КЛУБОТ БУТЕЛ И ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ГО СТАВА НЕГОВИОТ БРАТ, БОРЧЕ КОСТОВСКИ. ПОСЛЕ ТОА ОРГАНИЗИРААТ ТРЕНИНЗИ ВО СИТЕ ШКОЛИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА БУТЕЛ И ДО ДЕН ДЕНЕСКА НЕ ПЛАЌААТ НИ СТРУЈА НИ ВОДА НИ ПРОСТОР, А ЗИМААТ ПО 1000 ДЕНАРИ ОД ДЕТЕ МЕСЕЧНА ЧЛЕНАРИНА.

ОД ТОНИ МАРТИНОВСКИ ЈА ЗЕМАА СЕПАРАЦИЈАТА ЗА ПЕСОК ВО КАТЛАНОВО И МУ ЈА ДОДЕЛИЈА НА ЈОЛЕ (ДИРЕКТОР НА ФИРМАТА ЗА ГРАДЕЊЕ НА ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ) И ВАДАТ МНОГУ ПЕСОК, А ЗА ВОЗВРАТ НА ТОНИ МАРТИНОВСКИ МУ ДОДЕЛИЈА ДИРЕКТОРСКО МЕСТО ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА.

ГРАДЕЖНАТА ФИРМА НА ЈОХАН ИМА СКЛУЧЕНО ДОГОВОР СО МПЦ ЗА ИЗГРАДБА НА КАНБАНЕРИИ, КРСТИЛНИЦИ, ЦРКВИ И СЕ ТОА ГО ПРАВИ НЕГОВИОТ ДИРЕКТОР ЈОЛЕ.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.