“ПУКНА ТИКВАТА“ ВО ДПМНЕ БУТЕЛ - СИТЕ МУ СМЕТААТ НА ДАРКО?!

Македонија
Typography

Еден од доказите дека “пукна тиквата“ во ДПМНЕ Бутел е вчерашната новост на порталот Журнал.нет, чија цел на постоењето на овој портал е само креирање лажни вести за оцрнување по дирекна наредба на обвинетиот Никола Груевски.

Кандидатот на Никола Груевски за Бутел, Дарко Костовски во страв од извесниот пораз и во вториот круг, нарачува лажни вести на порталите за ширење лаги на ДПМНЕ, со што се обидува да внесе страв кај граѓаните.

“Затворен круг на луѓе“ е термин кој ја отсликува состојбата во ДПМНЕ Бутел на чело со кандидатот Дарко Костовски, со раздор и конфликти меѓу членството. Нервозата која владее во ДПМНЕ Бутел не може да се сокрие, посебно што Дарко Костовски е познат меѓу членството дека и физички се пресметува своите сопартијци, што како “награда за тоа” Груевски го избра за кандидат за градоначалник.

Членството во ДПМНЕ Бутел е крајно разочарано и револтирано што врвот на партијата ставила такви криминалци да го водат Бутел, кои по се изгледа се во сојуз со нив. Секој нивни неистомисленик на секој начин сакаат да го уништат со спинови лажги и клевети.

На Дарко Костовски освен што му сметаат позитивните проекти на неговиот противкандидат Велимир Смилевски, според лажните вести на порталот Журнал му сметаат и реформаторите во ДПМНЕ, односно довчерашни блиски функционери од ДПМНЕ Бутел. 

Ако се оценува и лошото владеење на ДПМНЕ Бутел со општината Бутел и игнорирање на општинските проблеми, тогаш е неоспорен фактот дека им сметаат и жителите на Бутел.   

ДПМНЕ не може и не знае да функционира во фер и регуларни услови и затоа во недела ќе загуби на фер, слободни и демократски избори, на кои на кои граѓаните ќе ги заокружат промените и на локално ниво и ќе стават крај на децениското криминално и расипничко владеење на ДПМНЕ со општините во Скопје.

 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.