Димитриевски седна во градоначалничката фотелја

Македонија
Typography

Новоизбраниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска седна во градоначалничката фотелjа.

Функцијата му ја предате и во кабинетот го пречека досегашниот градоначалник Зоран Дамјановски, кој му посака многу успех во водењето на општината.

„Сите проекти што се започнати од градоначалникот Дамјановски и неговата администрација ќе биде продолжено во позитивна насока. Во делот на политиките коишто беа генерирани ќе бидат дополнети со нови идеи и нови проекти, со единствена цел да дадеме поголема можност за едно помодерно и поурбано живеење на граѓаните на Општина Куманово. Воедно сакам да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам и да оддадам признание поради што во овие 13 години на управување, општината нема краткорочни ни долгорочни кредити. Сите оние финсиски проблеми што беа генерирани од поранешната централна власт ќе започнам директни преговори со владата да да бидат надминати, и да направиме финансиска консолидација на јавните претпријатија“, - изјави Димитревски.

Димитриевски се заблагодари на Дамјановски за сето она што го направи за градот и граѓаните, и што успеја во еден многу исклучителен тежок период да се справи со сите предизвици, особено во делот на политичките поделби во државата. Истовремено вети дека ќе биде градоначалник на сите граѓани во општина Куманово, независно од етничката, политичка и верска припадност.

Дамјановски потсети дека Димитиревски долго време беше член и претседател на совет, ги знае сите работи поврзани со функционирањето на општината.

„Се надевам дека Димитриевски успешно ќе ја води општината, тој е искусен политичар сега има отворен фронт, има добра влада која после 11 години ќе биде наклонета на општина Куманово. Се надевам дека 2018 ќе биде многу продуктивна и заедно со неговите проекти Куманово ќе се развива. Денеска стапувате на голема функција, голема одговорност и се надевам дека граѓаните ќе бидат задоволни“, - изјави Дамјановски.
Тој се заблагодари на граѓаните што во изминатиот период од 12, години му дале подршка.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.