(ВИДЕО+ФОТО) Шуто Оризари на нозе - Ќе има Живот за сите!

Македонија
Typography

Заев во Шуто Оризари: Ќе има живот за сите и во Шуто Оризари, заедништвото е нашата предност!

-Се покажа, цела Македонија е за живот за сите, за промени и на локално ниво, освен на централно ниво и ќе има промени и во општина Шуто Оризари, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на синоќешната средба со граѓаните на Шуто Оризари во Скопје.

-Заедништното и единството се нашата предност и нашето богатство и тоа мора да го негуваме. Не сме само Македонци и Роми, вечерва го потпишавме и договорот со ДУИ кои ќе го поддржат нашиот кандидат за градоначалник, Курто Дудуш, со што победата овде во Шуто Оризари е извесна. Не само поради ова, туку и поради тоа што се охрабрија и граѓаните кои трпеа притисоци и гледаат дека повеќе нема потреба тоа да го прават, рече претседателот Заев.
Тој порача дека обврска е грижата за сите граѓани.

-Не може да се истураат милиони евра во градот Скопје, а овде да нема вода за децата, светилка да нема.

Претседателот на СДСМ, Заев најави дека граѓаните на Шуто Оризари ќе имаат за децата градинка каква што заслужуваат, а дека ќе се подобрат условите за работа на Пазарот во општината. “Да се грижиме за младите луѓе и да овозможиме на младите луѓе да живеат и работат овде“, повика претседателот на СДСМ, Заев.

-Општината им служи еднакво на сите граѓани, ќе биде отворена за сите и ќе биде сервис за сите, најави претседателот Заев.

-Да дадеме поддршка на единството, сплотеноста, и овде во Шуто Оризари мора да има живот за сите, порача меѓу другото, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со граѓаните синоќа во скопската општна Шуто Оризари.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.