(ФОТО) Кандидатот на ДПМНЕ за Виница возел пијан и прегазил пешаци

Македонија
Typography

Откако изглегоа вести за неколку кандидати на Никола Груевски за градоначалници и нивните нечисти досиеа, во прилог прочитајте за уште еден!

Имено, во прилог ќе може да видите донесена пресуда за кандидатот на ДПМНЕ во Виница Мартин Павлов, со кој тој се осудува на 5 месеци затвор заради загрозување на сообраќајот, односно управување на возило и прегазување на 2 -ца пешаци со 1,57 промили алкохол во крвта! По несреќата се слушнало вриштење, граѓаните биле во паника, а повредените лежеле на тротоарот.

Ова ли се европските манири, кои ДПМНЕ и Мартин Павлов толку многу ги споменува на средбите со граѓани? Павлов не е единствен кандидат за градоначалник од ДПМНЕ со криминално досие, Centarnews.net ексклузивно ги објави досиеата и казнените евиденции.

Граѓаните не сакаат да бидат водени и да бидат во врска со криминалци, кои имаат вакво богато криминално досие.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.