(ВИДЕО) Богдановиќ вети транспаренто и отчетно работење на Општина Центар

Македонија
Typography

Саша Богдановиќ, кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Центар вети транспарентно и отчетно работење , отворена и функционална општина и одговорна и ефикасна администрација.

„Ветувам дека заедно со вас граѓаните Центар ќе ја направиме отворена и функционална општина. Ја отвораме локалната самоуправа за да може секој граѓанин да добие навремени и квалитетни услуги. Жителите на Центар ќе ги добијат сите потребни услуги на едно место. 

Јас како градоначалник ќе ги слушам и исполнувам барањата на граѓаните во креирањето на буџетот, во носењето одлуки и во контролата на власта. Секогаш ќе бидам достапен и на терен заедно ќе ги решаваме проблемите. Ќе воведеме еднаш месечно Отворен ден за граѓаните.

Буџетските средства ќе се користат строго наменски, транспарентно, домаќински и одговорно, преку редовно известување за сработеното.

Ќе креираме интерактивна, отворена и функционална веб-страница. Општинска администрација ќе биде одговорна и ефикасна и секогаш сервис на центарци.

Ветувам дека ако ја добијам вашата поддршка, заедно ќе го направиме Центар каков што сите го сакаме, каков што ни е потребен и каков што треба да биде-општина со широко отворени врати . Центар ќе биде подобро, посреќно и хумано место за живеење“, рече Богдановиќ.

 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.