Вангеловски и Караџоски ненајавено го спасуваат Панчевски во Гевгелија

Македонија
Typography

Јово Вангеловски и претседателот на Судски совет Зоран Караџовски се во контрола на судот во Гевгелија.

Нивната ненајавена посета е поради судскиот налог издаден за СЈО а за претрес на канцеларијата и домот на поранешниот претседател на Kривичниот суд, Владимир Панчевски.

Нема никакви информации што точно бараат првите луѓе на највисоките судски институции, а цел ден нивните телефони се недостапни. Претходно Панчевски се жалеше до Судскиот совет поради претресот и ја спореше неговата законитост.

Вчера Караџовски тврдеше дека денеска ќе има состанок на кој ќе се разговара на Советот за случајот Панчевски, а пред два дена бил повикан и претседателот на Kривичниот суд Стојанче Рибарев, кој во моментот на претресот во канцеларијата на Панчевски бил присутен.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.