(ВИДЕО) Нема да верувате што изјави Јохан Тарчуловски вечерва

Македонија
Typography

Еве како кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски го замислува управувањето со општината и како преку лажни ветувања ги уценува граѓаните за гласови.

Тарчуловски, јавно и без срам кажа дека се кандидира само за да ги дели и дискриминира граѓаните. Тарчуловски ќе работи само онаму каде што гласале за него, а другите ќе ги игнорирал оти немале заслужено.

Тарчуловски призна дека за граѓаните на Црниче и Пржино нема канализации, улици и водоводи затоа што немало да гласаат за него. Ова е удар врз граѓаните од Тарлуловски, кој е човек кој дели и се одмаздува.

Ваквиот став на Тарчуловски е само уште еден доказ за тоа како ВМРО-ДПМНЕ функционираше и дека се уште е заробено во старата ера. ВМРО-ДПМНЕ и Тарчуловски, не само што не можат да излезат од политиките на поделби, протекции, непотизам со кои владееа 11 години, туку отворено кажуваат дека така ќе продолжат и во иднина.

Кисела Вода ќе ги казни дискриминаторските ставови и политиката на поделби на Тарчуловски и ќе избере промени и нова локална власт предводена од СДСМ.

Затоа, на 15 октомври да излеземе масовно и да гласаме за број 19, за кандидатот и советничката листа на СДСМ кои ќе работат во интерес на сите граѓани, ќе обединуваат, а нема да делат. Да ставиме крај на поделбите, уцените и заканите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и да избереме живот во Кисела Вода.

 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.