(ФОТО) ЗА КАНДИДАТОТ НА ДПМНЕ ЦЕНТАР НЕ ВАЖИ ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ ЦИГАРИ?!

Македонија
Typography

Кандидатот за градоначалник на Никола Груевски и ДПМНЕ за Центар, Дејан Јовановски не ги почитува законите против пушењето кои ги донесе неговиот обвинет лидер Никола Груевски додека беше премиер.

Додека угостителите мака мачат да го решат проблемот со пушењето поради високите казни, на фотографијата се гледа Дејан Јовановски во видно алкохолизирана состојба како слободно си пуши цигари внатре во угостителскиот објект.

Лошиот пример на кандидатот на Никола Груевски за Центар, Дејан Јовановски укажува на тоа дека забраната важи само за селектирани сопственици кои сеуште мислат дека се заштитени од криминалниот врв на ДПМНЕ. 

Ова е уште еден доказ за самоволието на Дејан Јовановски, мераклија да пуши цигари во внатрешниот дел од локалот воопшто не почитувајќи ги законите, односно во овој случај конкретно, го прекршува Законот за забрана за пушење, донесен од ДПМНЕ.

Дејан Јовановски незаинтересиран да почитува ни закони ни прописи туку единствено е заинтересиран што ќе му каже Никола Груевски. Затоа ќе доживее тежок пораз на претстојните локални избори во општина Центар.

Казната за ова задоволство на Дејан Јовановски наречено цигара чини 300 евра, локалот го чини од 2500 до 4000 евра, а одговорното лице или директор од 500 до 1000 евра.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.