(ФОТО) Кандидатот од ДПМНЕ за Ранковце осуден криминалец

Македонија
Typography

Кој е Роберт Симоновски и зошто е кандидат за градоначалник на Ранковце од ДПМНЕ!

Како загрижен жител на Ранковце и прв комшија на Роберт, морам да изнесам дел од неговото богато насилничко минато, бидејќи бев жртва на истиот.

Роберт Симоновски неможеше да заврши 6-то одделение, но денес има диплома за високо образование, нормално купена, бидејќи 11 години владеат и се вработи во Царинската управа. Ќе напишам само дел од богатото минато на Роберт викан ГУЊАР, бидејќи Ранковце треба да знае.

Гуњар без никаква причина со полициски службеник пред неполна година, нападна директор на ЈКП бидејќи бил политички непожелен и за истот го осудија за кривично дело - “НАСИЛСТВО“.

Мојот комшија Роберт во 2012-та година ја нападна и својата сопартија инаку тогашна директорка Слаѓана на работно место и истата сакал да ја фрли од прозорец во училиштето, за среќа спречен од друг вработен. За овој случај со “дебели“ ургенции е осуден условно за насилство.

Инаку бев и лично сведок со Војо Миленковски кога истиот Роберт Симоновски го претепа и својот татко Драган викан Гане, на кого му скрши 5 ребра и лежеше во болница 3 месеци. Но и тука реагираше партиското судство, МВРО и сето ова се заташка.

Инаку Роберт обожава и малолетни девојчиња на кои сака да покажува сила, а за ова знае и цела Опила кога на селските гробишта пред неколку години имаше силување.

Покрај ова што е насилник и многу е лаком, па така со сила на своите браќа Митко и Милца им го одзеде сето наследство. Во убавото време на владеење на ДПМНЕ во Ранковце си приватизира и пошта на име на неговата сопруга во село Петралица, додека неговите сопартијци ги остави без егзистенција.

Инаку Роберт е познат по долга рака уште од млади години кога со својот татко добро се збогатил од задругата на Малина со кражба на јаболка за кое и беше неколку пати фаќан на лице место од тогашниот командир Душко.

Е сега најважното зошто ДПМНЕ се одлучи да поддржи ваков познат и докажан насилник?
Преку неговата фирма Лисец Гуњар, секои избори се врши легален поткуп на гласачи со делење на градежен материјал кои овие денови не застанува! (Прилог фотографија)

Јас како жител на Ранковце апелирам до сите надлежни органи да ги испитаат овие наводи, да се уверат и превземат соодветни мерки за ваков криминал.

п.с. Жител на село Опила, загрижен за својата иднина

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.