Кривична пријава за Илчо Захариев

Македонија
Typography

Кривична пријава против градоначалникот на Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против актуелниот градоначалник на Штип, Илчо Захариев поради основано сомнение дека ја злоупотребил службената положба и склучил договор спротивно на законските прописи.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 57-годишниот Захариев наместо да изврши наплата од 1.899.918 денари за уредување на градежно земјиште за изградба на објект во индустриската зона Запад во Штип, наплатил само 332.299 денари. Со ова, Захариев и нанел штета на општината, а на фирмата со која бил склучен договорот и овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 1.567.619 денари.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.