Избрани новите членови на одборот-директори на Македонски телеком

Македонија
Typography

Горан Трајановски, Сашо Велевски и Замир Мехмети се нови членови на одборот-директори на Македонски телеком

Владата доставила предлог до „Македонски телеком“ за разрешување на актуелните членови на Одборот на директори, и за назначување нови членови. На владина седница е одлучено да бидат разрешени Жарко Луковски, Панче Кралев, Небојша Стајковиќ, Александар Стојков и Владимир Здравев.

На нивно место Владата во Одборот на директори на Македонски Телеком ги предложи Горан Трајановски кој истовремено треба да биде избран и за Главен оперативен директор на друштвото, потоа Сашо Велевски, Замир Мехмети за неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска за неизвршен независен член, Анета Симеска и Назим Буши кој треба да биде реизбран.

Трајановски има кариера во Македонски телеком на различни позиции. Дипломирал на Електротехнички факултет Скопје како инженер по електроника и телекомуникации, а магистрирал индустриски менаџмент. Бил дел и од владините тела, назначен за помошник министер за информатика и телекомуникации, државен советник за информатика и телекомуникации во МВР и основач е на две приватни фирми.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.