АПМ со целосна поддршка за градоначалниците на СДСМ

Македонија
Typography

Алијансата за позитивна Македонија ќе поддржи градоначалници на СДСМ.

Извршниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија, на проширената седница што ја одржа со претседателите на општинските организации,  реши да даде целосна поддршка на кандидатите за градоначалници на коалицијата предводена од СДСМ на претстојните локални избори.

„Алијансата за позитивна Македонија дава максимален придонес кон составувањето на квалитетни листи на коалицијата за кандидати за советници на советите на општините. Кандидатите што ги нуди Алијансата за позитивна Македонија се со силен човечки, морален и политички капацитет да ги застапуваат либерал-демократските вредности и интереси на сите граѓаните во советите на општините, со што претставуваат додадена  вредност и богатство на политичкиот плурализам на Македонија“, стои во соопштението на оваа партија.

 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.