(ФОТО) Еден друг отчет за Аеродром

Македонија
Typography
Аеродром. Топ место. Немаше боље. Све шо треба да има една планска социјалистичка населба.
А немаше ни фејк име као Нови Београд или Нови Загреб. 90ти. Школи фино средени, големи зелени пространства на кои коњи пасат трева, војници на УНПРЕДЕП и касарна во која најупорните ги замараат војниците секој ден. 00ти, почнува нешо малце да се гради, доаѓа Бисер на сцена, Мекдоналц, реновиран кеј, топ место бе, топ.

IMG_7531IMG_7576IMG_7583IMG_7941IMG_7975IMG_7976IMG_7977IMG_7988IMG_7989IMG_8044IMG_8045IMG_8047

МЗТ. Даааа, памтам еднаш една таква еуфорија после тројка на попот Дениелс против Работнички после која утакмица добијам 3ка математика. Абе еуфорија у лименката, кое учење, не се шали.

Доцни 00ти. Само шо станавме независни, МЗТ стагнира, нема кеш, ама имаме избори. За МЗТ нема да зборам у постов. Многу долга тема. Фала за првата титула.

Опет фина населба, али почиња да се гради на ангро. Ок, се гради, и ‘требаат пари на општината’, урбанизација на Лисиче/Ново Лисиче. Воздух загаден? Беај бе, топ си е се.

Улици реновирани? Шо ќе ти се. Да праат некое истражување, веројатно Дром во просек има најстари улици у Скопје. Можда постари има само у Чаир и Бутел, али од урбаниве ние ваљда газиме. Иаме улици чак од таму негде одма после земјотрес. Уствари и тоа шо е ново, у најголем дел е за новите згради и жители. Старите? Ќе преживеат као до сеа.

IMG_8222Нема везе. Аеородром во најголем дел денес е неподносливо место. Стотина нови згради, ултра загаден воздух, многу прашина и кал, многу рурални места, премногу возила и голем број исечени дрва. Зошто? Затоа што веројатно на нашиот градоначалник не му е грижа. Глеам ќе се кандидирал опет. Земале демек напраиле отчет, па земале сликале и ај шо и тоа малце шо го направија у голем дел е за потребите на новите згради, али сликале улици на кои овие со хронична алергија од самата слика ќе се угушат, а не да поминат од истата. Не знам, викаат сме имале комунални служби, али изгледа се во мал број или пак не знаат како се чисти. Но, не ги обвинувам. У матрицата ни е да живееме во прљави средини. Па нас ни воздухот не ни смета, а не да се замараме што улициве ни личат ко у Африка да сме. Што да очекуеме, па ние ни за Супер Купот не го ичистивме градот.

Сметот на сите страни е децениски хајлајт на Скопје, дел у кој Аеродром не сака да заостанува.

Да, Коневски ќе се пофали дека општината е топ, али каде бе со паролата – Аеродром е новиот ЦЕНТАР на градот!!!

Факин некој си игра со нас. А земале и реклама за Дром – Зелениот рај на Скопје. БУАХАХХАА

Али и пази ова, земале рекламно пано нешо Аеродром спортска општина и тоа на црвено-црна позадина. Америчкиве фејк њуз вода да носат само. Еј црвено-црн. Те фрустрира и као навијач на Вардар и као навијач на МЗТ. Се знае кој е клуб на градот, а кој гордост дромска. Но, ако се доселат уште нови комшии со матрица како централата, ќе можеме да го затвориме и запечатиме Аеродром на подолг рок.

Еј бе у отчетот или какво и да е тоа пропагандното списание сликале реновирани улици, или нешто одвај ново, а не се потрудиле прашината долж цела улица бар со фотошоп да ја средат. Сликите погоре сведочат и за тоа колку квалитетно новите улици се напраени. Поплава после првиот дожд.

Дромци, можда нема алтернатива на локалните избори, али општината треба да си го врати достојанството.

А да, и причата со мигрантите. ХАХХАХАХАХАХХАХАХАХА. Секоја чест, капа симнувам.

 
Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.