СДСМ потврди: Борјанчо Мицевски кандидат за градоначалник на Крива Паланка

Македонија
Typography

Драги пријатели, почитувани сограѓани на Крива Паланка!

Сакам да ве информирам дека и официјално влегов во трката за градоначалник на Крива Паланка.


Ја имате мојата искреност, чесност, човечност и подадена рака на пријателство и соработка. Ве уверувам дека со добиената доверба на 15 Октомри, ќе извојуваме заедничка победа за една поинаква, модерна, и европска Крива Паланка која ќе пружа еднакви можности за раст, развој и социо-економски просперитет на секој поединец.

Ви ветувам транспарентни, отчетни, одговорни и професионални институции кои посветено ќе работат во интерес на сите граѓани.

Одиме на голема победа во првиот круг за живот во Крива Паланка!

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.