Жители слават што Груевски ги отпиша своите деца

Македонија
Typography

Станарите од околните згради во близина на училиштето "Димитар Миладинов" се пресреќни бидејќи Груевски конечно ги отпиша своите деца од тоа училиште.

Во разховор со жителите, велат дека постојано биле под невиден терор од обезбедувањето на Груевски.

Секое утро обезбедувањето на Груевски носеле кучиња душкала, но и се шетале со оружје пред учениците од училиштето како и се вршеле постојани контроли на станарите кои живеат околу училиштето.

Неофицијално, сопругата на Груевски, Боркица Груевска, во вторникот побарала исписница во училиштето, но без да наведе причина.

Директорката на училиштето, Маја Ангелова, одбила да ја потврди информацијата за Фокус.

Потсетуваме да не се заборави дека истата таа директорка организираше шпалир од деца за да пројде Груевски со своите ќерки во училиштето, нешто слично што правеше Хитлер во Втората светска војна.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.