Богдановиќ: Општина Центар да се врати на граѓаните!

Македонија
Typography

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Центар, Саша Богдановиќ на својот фејсбук профил објави што сѐ треба да се реализира за Општина Центар да се врати на граѓаните и да биде пристојно место за живеење.

"Центар е срцето на Скопје. Не само заради локацијата туку и заради својот автентичен шарм, старите маала, Градскиот парк, економскиот, туристичкиот и културниот потенцијал. Сепак, на нашата општина во изминатите години ѝ беа нанесени многу удари. Мораме Центар да му го вратиме на граѓаните. Патот е еден, но чекорите многу: 

1) Запирање на градежната експанзија

2) Ревидирање на Деталните урбанистички планови

3) Транспарентно носење на ДУП-ови со вклученост на граѓаните 

4) Неселективно постапување на инсепкциските служби во согласност со законите

5) Изработка на студија за сообраќајот во Центар

6) Намалување на сообраќајниот хаос

7) Ослободување на тротоарите за пешаците и велоспиедските патеки за точаците

8)Ефикасни и функционални паркинг простори

9) Зазеленување на општината

10) Изработка на студија за заштита на животната средина

11) Утврдување на причините за загадување на воздухот

12) Итни мерки за намалување на загадувањето во зимските месеци

13) Чисти улици, тротоари, паркови

14) Систем за селекција на отпадот

15) Комунални инспекции 

16) Намалување на бучавата од ноќните клубови и дискотеки

17) Дотур на стока во маркетите и на пазарите само во конкретни периоди од денот

18) Изградба на спортски центри за рекреација на жителите

19) Нови градинки и училишта

20) Збогатување на културниот и забавниот живот

21) Поддршка на независните уметници

22) Грижа за старите маала и објектите од културно историското наследство

Списокот не завршува тука, но мора да почнеме од некаде ако сакаме Центар да биде пристојно место за живеење", напиша Богдановиќ. 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.