Расправата за разрешувањето на Зврлевски продолжува утре

Македонија
Typography

Собранието утре во 11 часот ќе ја продолжи расправата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараа утре да нема седница, на што Талат Џафери, претседателот на Собранието одговори дека со репликите и контрарепликите токму тие ја поставиле динамиката на собраниската работа.

И денешната собраниска седница помина како и претходните - непродуктивно. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат за разрешувањето на Зврлевски да се расправа по локалните избори, а сега да се расправа за пожарите, за службениот и официјалниот јазикво Македонија, за Договорот со Бугарија... За ВМРО-ДПМНЕ, членот 8а од Изборниот законик утврдува дека од распишување до одржување на изборите нема можност за назначување нов обвинител и дека целта на СДСМ е да го направи правосудниот систем своја партиска испостава.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека расправата за Зврлевски всушност е ПР-стратегија на СДСМ да се зборува за други работи, а не за суштинските прашања за да може СДСМ да ги покрие своите големи крахови, како што е националната стратегија за мигранти и законот за јазици.

За СДСМ во случајов станува збор за престанок на мандат на функцијата државен јавен обвинител, а не за престанок на работен однос или за нечие ново вработување.

 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.