Ексклузивно: Зоран Божиновски објави тајни детали за Урко!

Македонија
Typography

ДОДЕКА ГИ ГЛЕДАТЕ КАКО ГРЧЕВИТО ЈА БРАНАТ КРИМИНАЛНАТА ФИГУРА НА МАРКО ЗВРЛЕВСКИ, ЧИТАЈТЕ ГО ОВА:

Новинарот Зоран Божиновски на својот фејсбук профил го објави следното:

-„Почитуван, бидејќи редовно ги следам вашите објави и при тоа ја ценам вашата објективност во известувањето, би сакала да ве информирам дека пред 20 тина дена Дејан Митревски - Урко, кој беше шеф на обезбедувањето на Никола Груевски е правосилно УСЛОВНО осуден за сообраќајката во која животот го загуби 22 годишно момче.


Ова е уште еден преседан на македонското судство кое очигледно попушти под страотниот притисок на ВМРО- ДПМНЕ со цел Урко да добие смешна казна. За потсетување, бидејќи работам како службеничка во Основен суд Скопје 1 Скопје, ваква пресуда досега немам сретнато. Ален Зекиров бар беше осуден на 6 месеци затвор, иако и тоа е премалку, но ова со Урко е невидено.

Очигледно ВМРО- ДПМНЕ сеуште царува во судовите. Додека некои луѓе за украдени ќебапи лежат по 3 години затвор, други за тепачки по кафани по 2 години, телохранителите на ВМРО УСЛОВНО лежат за убиство.


И да не ве чуди ова, ерата на Урковци и малтретирање на граѓаните беше и една од главните причини зошто младите од Скопје му свртеа грб на ВМРО. Зачудена бев зошто 20 дена ниеден медиум не ја објави оваа сензационална пресуда. Ве молам за анонимност.“, стои во објавата на Божиновски.

Во следната објава на фејсбук, новинарот Зоран Божиновски истотака додава нова информација на темата Урко. Еве што напиша:

-„Чекам нов јавен обвинител за да го отвориме случајот на убиството на ВЛАСТИМИР АНАСТАСОВ, убиен лично од УРКО во фарбара во Автокоманда. Ова убиство е прикажано како самоубиство, а на семејството на Властимир им е втеран страв во коски и им е упатена закана да не прашуваат воопшто за ова, да не загине и брат му или сестрата. Ги повикувам јавно ова тешко убиство да го расветлиме заедно, веднаш откако Зврлевски ќе замине и ќе биде именуван нов јавен обвинител.“, стои во текстот на Божиновски.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.