По Самсоненко и Ивица Коневски се повлекува!

Македонија
Typography

Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, целосно се повлекува од кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје.

Во иднина воопшто нема да се меша во работата на клубот, дознава „Спорт 1“ од извори блиски до човекот кој со години наназад е алфа и омега во тимот од „Јане Сандански“.

Симптоматично е тоа што повлекувањето на Ивица Коневски следи по повлекувањето на контроверзниот бизнисмен Сергеј Самсоненко, милениче на минатата власт на ДПМНЕ, кој според доброупатени извори, чекал погоден момент за можно алиби за неговото повлекување.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.