Смени во Правда - Ѓоко Котевски е новиот директор на УВМК

Македонија
Typography

Владата на Република Македонија во однос на кадровските прашања, разгледа и усвои нови кадровски предлози.

За вршител на должноста директор на Управата за водење на матичните книги, орган во состав на Министерството за правда, Владата го именуваше Ѓоко Котевски. 

Новиот директор Ѓоко Котевски доаѓа од позицијата директор за продажба од мелничко пекарската индустрија - Мелница фурна Диме - Скопје, каде активно работи на таа позиција изминативе седум години.

Ѓоко Котевски има богато професионално искуство, тој е дипломиран политиколог, магистрант на политички науки, дипломатија и меѓународни односи. Роден е 1981-та година и татко на две деца. 

Основна надлежност на Управата е водење на матичните книги на родени, венчани и умрени (рачно и во електронска форма), нивна заштита и чување, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење на постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги.

Линк до веб - страницата на Управата за водење на матичните книги, каде што можете да добиете информации за сите промени кои ќе се случуваат во врска со матичното работење. (ЛИНК)

 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.