(ФОТО) ДПМНЕ направи инцидент на собраниската говорница

Македонија
Typography

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не му дозволуваат на собраниското обезбедување да го отстрани пратеникот Антонијо Милошоски по барање на собранискиот спикер Талат Џафери.

Причина за ова барање на Џафери е тоа што Милошоски излезе на говорница без да добие збор. Откако Џафери го повика обезбедувањето опозиционерите револтирани станаа и ја блокираа говорницата во заштита на Милошоски.

Првата точка на дневниот ред на пленарната седница е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Бидејќи пратениците не сакаа за заминат од говорница, Џафери даде пауза од 10 минути.

 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.