Нов бран директори во државните институции

Македонија
Typography

ДУИ своите директори ќе ги назначува после локалните избори.

Според Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, изминатиот период целата енергија партијата ја потрошила на Законот за јазиците па неможела да се сконцентрира да направи квалитетен избор на кадри кои ќе раководат со институциите кои ним им се распределени.

„Дел од институциите кои треба да бидат раководени од кадри од ДУИ ќе останат после изборите, затоа што не сакавме во предизборие да назначиме луѓе во овие институции за да не влијаеме на предизборниот процес“, вели Бујар Османи, вицепремиер за евроинтеграции

Од ДУИ велат дека после изборите нивни кадри ќе седнат во Агенција за електронски комуникации, Управата за води , Македонска пошта, Агенција за странски инвестиции, претседател на бордот во Телеком, ЈП Македонија пат, трудов инспекторат, ЕЛЕМ турс, ЦУК како и на едното од двете директорски места во Фондот за здравство.

Според СДСМ назначувањата во поголемиот дел од институциите се завршени, а таму каде што не е направена смената нови директори ќе добијат по локалните избори.

„Извршивме промени на сите клучни позиции, оние кои што се клучни за се она што имаме замислено за добро на граѓаните“,истакна Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ

Кадровските смени се завршени во АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, каде за директор е поставен Христијан Трајковски од партијата на Тито Петковски. Управата за санкции оди во рацете на Јовица Стојановиќ, а Александар Наумовски ќе раководи со истражниот затвор Шутка. Директор на АД Железница Транспорт е Љубиша Ристиќ, а на Државниот земјоделски инспетора,т Јане Станковски.
Неизвесно е во која институција ќе влезе Србинот Александар Обрадовиќ, кој засега не е назначен на ниту едно директорско место.

Со УХМР ќе раководи Ивица Тодоровски советник во Ѓорче Петров, а со Агенција за Пошти, Благоја Индов, поранешен директор на хидросистемот Злетовица.

За Претседател за регулаторна Комисија за домување е назначен Владимир Кировски, а за Претседателка на второстепената комисија за работен однос, адвокатката Даница Чадиева.

Во Агенција за поддршка на претприемаштво доаѓа Валентин Груевски, советник во Битола, а во Дирекција за бебзбедност на класифицирани податоци професор Стојан Славевски.

Со Агенција за организирање на игри на среќа Стојан Стојковски, син на министерот без ресор Радован Стојковски кој пред 18 години загина во сообраќајна несреќа.

 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.