Седница на Влада: Реформските приоритети и напредокот во европската интеграција на дневен ред

Седница на Влада: Реформските приоритети и напредокот во европската интеграција на дневен ред

Македонија
Typography

Владата напладне ќе одржи тематска седница посветена на утврдување на правецот на итните реформски приоритети.

Како што соопштија од владината служба за односи со јавност, по тематската седница, со почеток во 13 часот, Владата ќе ја одржи својата седма седница.

„Согласно предлогот на дневен ред, на седмата владина седница ќе бидат разгледани состојбите и напредокот во процесот на европската интеграција, користење и имплементација на фондовите од ЕУ, како и Статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО и Статус на реализација на Рамковниот договор“, соопшти Владата.

На редовната владина седница ќе бидат разгледани и кадровски решенија, како и други информации од економски и политички систем и тековна политика.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.