Кој го убедувал Груевски да дозволи ,,виетнамскo сценариo“ и терористички групи низ Македонија?!

Македонија
Typography

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски , во роденденскиот говор на неговата партија, откри сценарио за дестабиизација на Македонија организирно во рамки на неговата партија.

Но, тој наводно, ги отфрлил сите убедувања од членството и најави дека ,,нема да дозволи такво нешто„.

,,Ги следам внимателно повиците за Виетнамски сценарија, улични борби или формирање на македонски терористички групи, или некакви други опции или пак блокови со различни стратешки интереси и слично. Тоа се афектни пораки, кои не ја гледаат целата слика, и се заради емотивен набој од неправдата која ни се случува на сите, посебно на државата. Но тоа не е решение. Тоа само може целосно да ја растури Македонија. Јас такво нешто нема да дозволам. И ако цената за тоа е мојата судбина, тогаш нема никаков проблем, еве ја“-рече Груевски.

,,Инаку, сега на оние кои и мислат лошо на Македонија им е потребен поделен ВМРО-ДПМНЕ, разнишан и тоа го стимулираат, ние сме свесни за тоа. Зрелоста на членството е она во кое јас отсекогаш сум верувал и знам дека ќе оддолееме на овие притисоци и нови игри. Нашата битка за Македонија не престанува овде. Напротив, таа допрва почнува. Допрва сме и потребни на државата и на нашиот народ, затоа што допрва ќе следат многу погубни чекори од страна на СДСМ, на кои мора реструктуирано и со нова енергија да се спротивставиме сите.

Тука не е важен Никола Груевски, ниту било кој поединец од раководството. Јас сум спремен на се, на најподмолни напади, на лажни судења и обвинувања, секојдневни лажни вести за мене, буквално на се. Јас не се плашам од тоа. Но и ВМРО, но и ВМРО не смее да се плаши од предизвиците кои доаѓаат, туку да им погледне во очи и да ја одигра својата историска улога. Следните чекори ќе ги правиме заедно. Јавно и транспарентно, јас само барам од вас да верувате во исправноста на нашето делување и одлуки, кои не се случајни.

Остануваме заедно, како еден, сплотени, единствени, ние сме ВМРО – Демократска партија за македонско национално единство. Не заборавајте на нашите предци, ниту пак на подобрата иднина на нашите поколенија, за која сите ние посветено се бориме! Ќе дојде брзо денот кога ВМРО ќе се врати и ќе покаже зрелост и одговорност, повторно да ја води Македонија кон нови успеси и кон нови подвизи! Ќе дојде брзо времето кога народот со гордост ќе каже – Единствената опција за вас и вашите семејства, за развој и подобар живот е ВМРО!“-рече Груевски.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.