Семејства на свеќи а музејот на ВМРО троши 6,5 милиони денари за струја!

Семејства на свеќи а музејот на ВМРО троши 6,5 милиони денари за струја!

Македонија
Typography

Во буџетот нема пари за било какви работи на проектот „Скопје 2014“ рече пред некој ден новиот министер за култура Роберт Алаѓозовски. Тој најави ревизија на контроверзниот проект „Скопје 2014“ кој веќе неколку години е мета на негативни реакции на јавноста.

Во интервју за Телевизија 24 министерот објави и дека се трошеле енормно високи суми за струја на Музејот на ВМРО.

„Ние ќе разгледаме и повторно ќе и ставиме на увид на јавноста колкави се штетите од тој проект. Ние ќе им покажеме на граѓаните дека се е стиропор и фушерај, а не мермер.Можам да кажам дека само музејот на ВМРО троши 6,5 милиони денари за стуја“, нагласи Алаѓозовски.

Парадоксот во кој живееме

И додека вртоглави суми се издвојуваат за можеби непотребни работи, семејства живеат на свеќи во 21 век. Токму ваков е случајот со малите Ивана, Јован и Ангела од кумановското село Градиште и двочленото семејство, самохраната мајка Снежана и нејзиниот син Дарко за кои медиумите пишуваа стории годинава.

Без струја и основни егзистенцијални услови за еден нормален живот ги поминуваат деновите чекајки ги институциите да се смилуваат и да им помогнат.

Во трошна дрвена барака на влезот од Охрид на самиот рид живеат самохраната мајка Снежана и нејзиниот син Дарко.

Проблемот преку социјалните мрежи го актуелизираат од Здружението на граѓани „Поглед кон вистината“. Тие го спроведуваат Хуманитарниот проект „Вистински дела на лубезност“.

Ова двочлено семејство се без постојани парични примања, а животот го живеат од денес за утре како и многу други семејства во државата.

„Им била ветена помош и поставување на електрична енергија, но од сето тоа добиле само еднократна парична помош. Апелираме до сите добронамерни луѓе, за помош во храна, облека, постелнина, ќебиња и се она што може да му биде од корист на ова семејство“, велат од Здружението.

Ивана, Јован и Ангела пак се благословот што Добре и Василка го добиле по 20 години брак без деца. Струја немаат од 2015 година, кога им е исклучена поради неплатени сметки. Две години единственото светло е мала газиена ламба, онаква каква што користеле низ селата пред два века.

Меѓутоа, не едно и две семејства живеат живот под прагот на сиромаштијата. Институциите често забораваат на болните категории граѓани. Знајни и незнајни се случаите, а ако тргнеме да ги бараме низ државата од бројките ќе ни се сврти во глава.

Оттука заклучуваме дека за некој животот (државата) е мајка, за некој маќеа. Некој вети живот за сите, еднаков третман за секој граѓанин па останува да почекаме и да видиме дали ќе го донесе.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.