Владата донесе уште неколку одлуки и мерки - Еве кои се!

Владата донесе уште неколку одлуки и мерки - Еве кои се!

Македонија
Typography

Владата направи уште неколку смени на директори и на управни одбори и донесе мерки за одредени ситуации.

На седницата вчеравечер, покрај донесувањето одлука до Собранието да се достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски и за избор на новите директори на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Владата на вчерашната седница постави нови директори и на УЈП и на Агенцијата за храна и ветеринарство. За директорка на УЈП е именувана Сања Лукаревска, а за директор на Агенцијата за храна и ветеринарство е именуван Зоран Атанасов.

Владата, исто така, ги разреши членовите на управниот одбор на шумскиот резерват „Јасен“, а за нови членови ги именуваше Марјан Даскаловски, Зоран Наков, Ирена Станкоска, Ристо Спасовски и Илми Селмани.

За в.д. директор на Државниот просветен инспекторат е именуван Томе Спировски. Разрешена е в.д. директорката Надица Николоска, поради тоа што е констатирано дека ѝ е истечен мандатот од 9 мај 2017 година.

Од вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, на негово барање, е разрешен Ванчо Шехтански.

Покрај тоа, донесена е одлука да се овозможи бесплатна услуга, одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и на деца корисници на посебен додаток за ова лето.

Владата ја разгледала и ја усвоила информацијата за штетите врз земјоделски култури од невремето на 14 јуни во Скопскиот, Тетовскиот, Велешко-светиниколскиот, Кумановскиот, Штипскиот и во Гевгелискиот Регион. Задолжено е ресорното Министерство за земјоделство да формира комисии кои по поднесените барања од земјоделците ќе ја утврдат настаната штета. Рокот за поднесување на барањата е од 19 до 30 јули, а треба да се достауваат до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Владата, исто така, го усвоила предлогот на Министерството за образование за објавување конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2017/2018 година. Донесена е и одлука за дополнителни квоти за запишување студенти, припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија во прва година – прв циклус на студии, на јавните високообразовни установи на универзитетите „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, „Свети Климент Охридски“ во Битола, Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во учебната 2017/2018 година.

 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.