Заев во посета на Бугарија, Димитров во пречек на турски шеф

Заев во посета на Бугарија, Димитров во пречек на турски шеф

Македонија
Typography

Заев во посета на Бугарија, Димитров во пречек на турски шеф

Шефот на турската дипломатијата, Мевлут Чавушоглу, утре доаѓа во посета на Македонија, во чии рамки ќе оствари средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, потврдија за Фокус од македонското МНР.

 

 

По посетата во Скопје, Чавушоглу треба да замине за Атина, каде претходно беше и Димитров, кој се сретна со грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас.

Следната недела, пак, поточно на 20 и 21 јуни, владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, ќе замина на посета во Бугарија.

 

 

Од владата истакнуваат дека првата работна средба на Заев во Софија ќе биде на 20 јуни во 15 часот, додека за целата агенда јавноста ќе биде дополнително информирана.

Сите овие дипломатски активности на новата македонска влада се во насока на решавање на проблемите со соседите, како предуслов за деблокирање на евроатланската интеграција на државава.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.