Нов силен земјотрес го потресе Бодрум

Свет
Typography

Турското туристичко место Бодрум утрово повторно го погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер, пренесуваат турските медиуми.

Засега нема информации за повредени и за материјална штета. Земјотресот е регистриран на длабочина од 15 километри југоисточно од Бодрум.

Во последните неколку дена чести се потресите во овој дел од Турција, а вчера во Бодрум беа почувствувани два земјотреси едноподруго со средна јачина.

На крајот на минатиот месец Турција и Грција беа зафатени од земјотрес со јачина од 6,7 степени, при што загинаа најмалку две лица на грчкиот остров Кос, каде и најсилно беше почувствуван потресот. Најмалку 450 луѓе беа повредени во крајбрежните градови на Турција и Грција.

 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.