АКЦИЈА НА ГРИНПИС „ДА ГО СПАСИМЕ МЕДИТЕРАНОТ“

Свет
Typography

Активисти на Гринпис вчера на хрватски Мљет изложија реквизити долги десетици метри за да покажат каде обично завршува пластиката за еднократна употреба.

Тие утврдиле дека островите на Јадранот се гушат во пластика и ги повикаа граѓаните да потпишат петиција против употребата на еднократнапластика.

За симболично да покажат каде завршува пластиката откако по кратката употреба ќе се најде во ѓубре, во морето пред плажата Саплунара плутаа огромно шише, чаши и сламка, како и пораката дека во Медитеранот сега има 1.455 тони пластика.

 Бродот на Гринпис Реинбоу вориор III веќе неколку дена плови по Јадранот, за, како што се вели во соопштението, да укаже на проблемот со загадувањето со пластичен отпад, и да истакне дека особено се погодени јужнодалматинските острови на кои жителите, волонтери и посетителите во текот на целата година се борат со пластиката, а исклучок не е ни подрачјето од Националниот парк на Мљет, пренесува Вечерњи лист.

Гринпис ги повикува граѓаните да ја потпишат петицијата против пластиката за еднократна употреба и да го прочитаат извештајот „Средоземјето затрупано со пластика“, кој покажува дека во светски размери пластиката сочинува 60-80 проценти од морскиот отпад и дека просечната густина на пластичниот отпад во зоната на Медитеранот е едно парче на секои четири квадратни метри.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.