Терминатори: Американската војска набрзо ќе има повеќе роботи од војници

Терминатори: Американската војска набрзо ќе има повеќе роботи од војници

Свет
Typography

Војската на САД до 2025. година ќе има повеќе војници-роботи отколку луѓе на бојните полиња, тврди експерт на британската разузнавачка служба.


Џон Басет, советник за безбедност со 20-годишно работно искуство во владниот центар за комуникација, верува дека смртоносните борбени роботи забрзано стануваат "реалност" во модерното војување.
Од Пентагон неодамна било соопштено дека оваа установа инвестира милиони "во развој на прототипови за комбинирани единици". Овие единици ќе бидат мешавина од човечки војници и роботи, и планирано е перформансот на идните бојни полиња да се доведе до перфекција. Како што тврди експертот, борбените роботи ќе им се приклучат на борбените единици на САД за 10 до 15 години.

Инвестирајќи во истражувањето и развојот на роботските системи, Вашингтон изгледа се обидува да оствари воена надмоќ на Русија, Кина и другите ривали. Како што рекол Басет, "интелигентните роботски оружја се реалност и ќе ги има повеќе до 2030. година", пишува New York Post.
"До некој момент во 2025. година, војската на САД ќе има повеќе роботи од војници", рекол Басет.

Поранешниот разузнавачки експерт ги споменал и најавените камиони кои ќе управуваат самите со себе, и ќе бидат поефикасни на пат од оние кои ги управуваат луѓе. Наредната генерација на системи ќе донесе напредни можности на сите полиња за да се зголемат перформансите на единиците во компликувани операции.
Басет не е единствен експерт кој верува во пораст на роботите-војници. Питер Сингер, стратег од Нова американска фондација, рекол дека армиите исто така ќе мора да се усовршат за борба со машини убијци.

"Тоа што уште не го знаеме е дали тоа повеќе ќе помогне за напад или одбрана, како ни кои ќе бидат ефектите од тоа", рекол тој. Нагласил дека Конгресот во тајност држи податоци за тоа каде се наоѓа Америка на ова поле во однос на своите ривали.
Во меѓувреме, Русија исто така развива слични роботи за да парира на предизвиците на бојното поле. Војската на Русија открила неколку земни системи, вклучувајќи дронови вооружени со автоматски пушки или роботи деминери. Руските воени стратези исто така веруваат дека роботите ќе ја обликуваат иднината на војувањето.

"Гледам големо влијание на роботизацијата. Всушност, идните војни ќе вклучуваат оператори и маѓини, не војници кои ќе пукаат едни во други. Војниците постепено ќе се преобратат во оператори кои нема да бидат на бојните полиња", рекол минатата година генерал-полковник Андреј Григориев, управник на Напредната истражувачка фондација.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.