Меркел и Папата против Трамп: Сакаме да рушиме ѕидови, а не да градиме...

Меркел и Папата против Трамп: Сакаме да рушиме ѕидови, а не да градиме...

Свет
Typography

Ангела Меркел изјави дека после состанокот со Папа Франциско во Ватикан, тој ја охрабрил да ја продолжи борбата за опстанок на меѓународниот договор за климатски промени, иако Трамп практично го уништи со повлекувањето на САД од истиот.


„Папа Франциско и јас делиме заедничка цел. Тоа е рушење на ѕидови, а не нивно подигање“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со Папа Франциско, јасно алудирајќи на најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за изградба на ѕид долж границата помеѓу САД и Мексико.
„Папа Франциско ме охрабри да продолжиме да се бориме за опстанок на меѓународните договори, вклучувајќи го и договорот за климатските промени“, изјави Ангела Меркел.

Канцеларката го известила папата за агендата на Самитот на Г20 - индустриски најразвиените земји на светот кој на почетокот на јули ќе се одржи во Хамбург. Тој состанок ќе биде нова прилика европските лидери да се обидат да го убедат Доналд Трамп да ја промени одлуката и да не ја повлекува Америка од договор за климатските промени кој што беше потпишан во Париз.
Трамп на 1-ви јуни го шокираше светот со изјавата дека ќе ги повлече Соединетите Американски Држави од Парискиот договор, но и најави дека ќе започне нови преговори за влез во тој договор, но под други услови. Според Парискиот договор, САД и 187 други земји се обврзани да ја одржат глобалната температура до два степени Целзиусови над прединдустриската доба.

Со доаѓањето на Доналд Трамп во Белата луќа дојде и до нагло заладување во односите на Вашингтон и Берлин. Трамп уште од самиот старт тргна жестоко со оглед на тоа што неговите политики околу имиграцијата не се совпаѓаат со политиката на Меркел, но и германската канцеларка во неколку наврати одговори со иста мера.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.