(ВИДЕО) ТЕПАЧКА ПОМЕЃУ НАЈБОГАТИТЕ ШЕИЦИ

Свет
Typography

Кога станува збор за нафта, проработува темпераментот и кај угледните шеици...

Делегации од Катар и Саудиска Арабија влегоа во масовна тепачка за време на конференцијата на Унијата на работници од нафтената индустрија, која се одржува во Кувајт.

На видео-снимката, која на Твитер беше објавена од страна на ирачкиот политичар, Валид Ел Азави, може да се види тепачката меѓу неколку арапски тајкуни.

Според информациите, овој немил настан се случил на 20 март годинава, на маргините на конференцијата, кога претставници на нафтените компании од Саудиска Арабија почнале да ги навредуваат колегите од Катар, кои на крајот го загубиле трпението па проблемот го разрешиле со тупаници.

Погледнете го видеото...

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.