"Достоинствена смрт" за шефот на сицилијанската мафија кој потопи 13-годишно момче во киселина?

Свет
Typography

Безмислосниот шеф на сицилијанската мафија познат како "Ѕверот", кој некогаш го нарачуваше убиството на градоначалникот на Њујорк, Руди Џулијани, како и нарачката 13-годишно момче да се растопи во киселина, наскоро ќе биде ослободен од затворот во Италија, со цел "да умре достоинствено".


Политичарите, обвинителите и полицијата беснееле поради одлуката на италијанскиот Врховен суд да го пуштат од затвор Салваторе "Ѕверот" Рина, кој боледува од рак, срцеви заболувања и Паркинсова болест - пишува New York Post.
Рина (86) "има право да умре достоинствено" - изјавиле судиите.

Што значи дека тој сѐ уште е шеф на мафијата
Главниот обвинител во случаите против мафијата, Франко Роберти, изјавил дека Рина сѐ уште претставува закана за општеството.
"Имаме докази кои покажуваат дека таа теорија (дека Рина е безопасен) не е точна и доказите покажуваат дека тој сѐ уште е на чело на Коза Ностра", изјавил Роберти за локалните медиуми.
Рина со години беше познат како "шефот на шефовите" на сицилијанската мафија. Тој конечно беше уапсен во 1993-та година и осуден на 12 последователни доживотни затворски казни.

Но и зад решетките тој во 1996-та година го нареди убиството на момчето, кое прво беше задавено, а потоа телото му беше фрлено во киселина целосно да се растопи. Тоа е само едно од околу 150-те убиства кои му се препишуваат на Рина, а во ова станувало збор за одмазда кон таткото на момчето кој издал одредени информации за шефот на мафијата.

И познатиот италијански антимафијашки судител беше убиен по наредба на Рина. Салваторе Борселино, братот на убиениот судија, е згрозен од фактот дека италијанскиот Врховен суд одлучи да застане на страната на Рина. "Судот треба да се потсети кое е лицето што стои пред нив - тоа е истиот човек кој во парчиња го разнесе службеникот на државата и нареди мало момче да се потопи во киселина", изјавил Борселино.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.