Apple не може да се пофали со импресивна продажба на компјутери

Технологија
Typography

Продажбата на Apple компјутери во вториот квартал останаа речиси непроменети во однос на истиот период минатата година. Ова го покажуваат новите пазарни анализи на Gartner и IDC, цитирани од TechNews

Во периодот април-јуни 2017 година Apple доставила на глобалниот пазар 4,24 милиони Mac уреди, што е за 0,4% помалку во споредба со вториот квартал од 2016 година, забележува Gartner.

И покрај падот, пазарниот удел на Apple порасна во кварталот од 6,7% до 6,9%, како резултат на слабиот РС пазар како целина. Американскиот ИТ гигант го зазема четвртото место во светот по HP, Lenovo, Dell.

Според анализа на AppleInsider, резултатите на Apple се чудни, бидејќи компанијата ги освежи линиите компјутери MacBook, MacBook Pro и iMac. Освен тоа, во САД, каде што традиционално Mac уредите се радуваат за силен интерес, Apple регистрира поголем пад отколку во светот.

Според податоците на Gartner, продажбата на Apple на нејзиниот роден пазар е намалена во вториот квартал со 9,6% на годишна основа и изнесуваат 1,65 милиони, а уделот на компанијата се намалил од 12,3% до 11, 8%.

При тоа, вкупната продажба на компјутери во САД се намалиле во кварталот април-јуни само со 5,7% до 14 милиони парчиња. Како и на глобалниот пазар, Apple го зазема четвртото место во САД.

Малку оптимистичка за Apple е статистиката на IDC, според која продажбата на Mac компјутери се зголемила за 1,7% до 4,3 милиони парчиња во разгледуваниот период. IDC придава 7,2% удел и четвртото место на Apple на светскиот пазар. Општо земено, РС пазарот во светот бележи пад од 3,3% во периодот април-јуни и изнесува 60,5 милиони бројки според IDC.

Треба да се има на ум дека иако двете аналитички компании имаат различни дефиниции за компјутерскиот пазар Gartner вклучува во оваа категорија десктоп РС, лаптопите и ултрапортативните РС од премиер класа, како и хибридните Windows таблети од родот на Microsoft Surface, но не ги зема предвид таблетите со други платформи.

IDC, од друга страна, ги приклучува кон персоналните компјутери десктоп РС, лаптопите, ултратенките преносни компјутери и слично.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.