(ВИДЕО)Првиот гејмплеј од Star Wars Battlefront II

(ВИДЕО)Првиот гејмплеј од Star Wars Battlefront II

Видео Игри
Typography

Electronic Arts објави голем дел од новото издание на играта Star Wars Battlefront на нивнот настан EA Play во живо.

Иако поголемиот дел од фановите на Star Wars франшизата се во очекување за кампањата, ЕА го покажа онлајн делот од играта кој е усовршен од предходното издание со повеќе и поголеми мапи кои им даваат поголема слобода на играчите во небото и на земјата.

Објавени се и различни нови карактери кои се додаток на тие од старата игра која беше лансирана во 2015 година. Карактерите кои беа објавени се Boba Fett и Darth Maul кои имаа борба на планетата Набу во Епизода I, Finn и Captain Phasma.

.be

Играта официјално ке можете да ја играте од 17 ноевмври 2017 година на Playstation 4, Xbox One и Windows PC.

Со почетокот на Е3 оваа недела на 13-ти очекувајте повеќе информации за ЕА и гејмерскиот свет.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.