WHATSAPP додаде нова опција која на сите ни е потребна

Софтвер
Typography

За корисниците на WhatsApp пристигнува добра вест – на најновата верзија на апликацијата е додадено својство кое е многу потребно за корисниците.

Со WhatsApp може да се праќаат слики, видеа и гифови на пријателите. Но сега, тоа не е сѐ.

Корисниците на Андроид и иОС сега ќе можат да праќаат и фајлови, меѓу кои МП3 и ПДФ со големина до 100 мегабајти. Со ова апликацијата ќе може да се користи и на работа, со што ќе се испраќаат фајлови кои претходно морало да се пратат преку е-маил.

Исто така на новата верзија е овозможено да се селектираат слики и видеа директно од екранот на камерата. Таа и ќе ги групира фотографиите што ги праќате на еден примател во албум.

Ажурираната верзија наскоро ќе биде достапна за преземање и за Андроид и за Ајфон.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.