Вештачката интелигенција ќе креира 800.000 работни места до 2021 година

Вештачката интелигенција ќе креира 800.000 работни места до 2021 година

Софтвер
Typography

Eдна нова студија во која беа вклучени повеќе од 1.000 организации од целиот свет покажува дека вештачката интелигенција ќе се најде меѓу нас многу побрзо отколку што мислиме.

Спротивно на најгласните критики, една нова студија во која беа вклучени повеќе од 1.000 организации од целиот свет покажува дека вештачката интелигенција ќе се најде меѓу нас многу побрзо отколку што мислиме, но нема да има негативен ефект на продуктивноста, на приходите и најбитно од се, на работните места.

Според истражувањето на Salesforce, од 2017 до 2021 година CRM активностите кои ќе ги врши вештачка интелигенција ќе донесат приходи од 1,1 трилион долари и ќе креираат повеќе од 800.000 директни работни места и 2 милиони индиректни работни места на глобално ниво, што е многу повеќе од работните места кои ќе се изгубат поради автоматизацијата.

Зголемените приходи ќе бидат резултат на зголемената продуктивност и намалените трошоци поради автоматизацијата. Според Salesforce, ефектите на вештачката интелигенција ќе бидат толку позитивни што ќеовозможат нови повисоки нивоа на продуктивност. Вештачката интелигеција ќе ги трансформира животите на луѓето, особено на тие што веже работат со CRM технологија, така што ќе им помогне да бидат попродуктивни и да развијат подобри односи со клиентите.

Од Salesforce препорачуваат компаниите кои сакаат да имплементираат вештачка интелигенција да креираат нови програми за да ги обучат вработените со потребните вештини за во иднина. 2018 година ќе биде клучна година за имплементација на вештачката интелигенција затоа што повеќе од 40% од анализираните организации рекле дека ќе ја усвојат вештачката интелигенција во текот на наредните две години.

Типовите вештачка интелигенција кои организациите сакаат да ги имплементираат се: машинско учење (25%), анализа на текст (27%), препознавање на глас/говор (30%) и напредни нумерички анализи (31%).

Според студијата, се очекува трошоците на когнитивни и системи за вештачка интелигенција да порасне од 8 милијарди долари во 2016 година на 46 милијарди долари до 2020 година. САД ќе предводи со растот на приходите поради имплементација на вештачка интелигенција со удел од 596 милијарди долари во тие 1,1 трилион долари раст. Потоа ќе следува Јапонија со 91 милијарда, Германија со 62 милијарди, Обединетото Кралство со 55 милијарди и Франција со 50 милијарди долари.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.