DELL ВИ ГО ПРЕСТАВУВА ПРВИОТ ЛАПТОП СО БЕЗЖИЧЕН ПОЛНАЧ

Хардвер
Typography

Компанијата Dell започна со производството на првиот во светот хибрид лаптоп со безжичен полнач. Името на иновацијата е Latitude 7285. Треба да се напомене дека безжичниот полнач не е достапен во основната опрема на лаптопот, а е опција која оди во комплет со тастатурата Wireless Charging Keyboard. 

Компанијата Dell започна со производството на првиот во светот хибрид лаптоп со безжичен полнач. Името на иновацијата е Latitude 7285. Треба да се напомене дека безжичниот полнач не е достапен во основната опрема на лаптопот, а е опција која оди во комплет со тастатурата Wireless Charging Keyboard. Технички, полнењето се изведува со поставување на компјутерот на посебна полица. Не може да се користи на метално биро.

Инаку, самиот лаптоп е со 12,3-инчен дисплеј Sharp IGZO 3K (2880 × 1920 пиксели), процесор Intel Core i5-7Y54 (со можност за монтажа и на i7), со 8 или 16 гигабајти RAM и со 128 гигабајти – вграден. Достапни се и порти USB Type-C / Thunderbolt 3, Wi-Fi (802.11ac), Bluetooth 4.2, Miracast и WiGig. Хибридниот лаптоп располага и со 8 мегапикселна камера, а вкупнататежина е 675 грама. Димензиите му се 273.2 х 208.5 х 7,8 мм, а оперативниот систем – Windows 10 Home.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.