Скици од iPhone 8 и iPhone 7 S Plus ни откриваат уште детали за овие телефони

Скици од iPhone 8 и iPhone 7 S Plus ни откриваат уште детали за овие телефони

Хардвер
Typography

Во септември оваа година, Apple ќе го има веројатно најважното претставување во поновата историја – нивниот најважен модел во понудата iPhone ќе добие целосно нов, футуристички дизајн.

Во септември оваа година, Apple ќе го има веројатно најважното претставување во поновата историја – нивниот најважен модел во понудата iPhone ќе добие целосно нов, футуристички дизајн, без рамка околу дисплејот. Сепак, тоа ќе биде само еден модел во понудата, кој веројатно ќе чини многу повеќе пари од „нормалните“ iPhone-и, кои ако им веруваме на скиците, ќе бидат многу слични на актуелните модели.

Скиците за iPhone 8 веќе и ги знаеме. Напред телефонот ќе биде скоро целосно само дисплеј, без рамка околу него, додека во задниот дел камерите ќе бидат поставени вертикално, што не е случај со останатите модели. Димензиите на овој телефон ќе бидат 143,4 x 70,77 x 7,51mm, што и не е многу ако се знае дека дисплејот ќе има големина од 5,8 инчи. Од друга страна, димензиите на iPhone 7 се само малку помали – 138,3 x 67,1 x 7,1mm, а тој телефон има дисплеј од само 4,7 инчи.

 

Дизајнот на iPhone 7 S Plus пак скоро сигурно ќе биде подеднаков на тој на неговиот претходник, со камера во задниот дел поставена хоризонтално и прилично голема рамка околу 5,5 инчниот дисплеј, но веројатно и со заден дел изработен од стакло, слично како iPhone 5 и iPhone 5S. Димензиите на овој модел ќе бидат 158,38 x 78,1mm, што значи дека ќе биде прилично голем смартфон.

Според Бенџамин Гескин, човекот кој ги протече овие информации и кој е заслужен за неколку протекувања на iPhone 8 минативе месеци, производството на сите три модели е веќе почнато и тие би требало да бидат спремни за продажба уште кога ќе бидат лансирани. Сепак, сето ова земете го со задршка, бидејќи има многу информации кои велат дека iPhone 8 нема да стигне на пазарот на време, а поради проблеми со достапноста на OLED дисплеите.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.