Microsoft ја претстави Xbox One X, најмоќната конзола досега

Хардвер
Typography

Пристигна Xbox One X, новиот член на семејството Xbox One на Microsoft, досега познат како Project Scorpio.

Технолошкиот гигант пред саемот Е3 во Лос Анџелес ги криеше деталите за уредот, како можноста за играње во 4К ултра HD резолуција.

Конзолата ќе биде пуштена во продажба на 7 ноември и ќе чини 499 долари. Овој производ покажа дека Microsoft има цврста намера да продолжи да ги привлекува „закоравените гејмери“.

Новата конзола има брзина од 60 фрејмови во секунда и е прогласена за најмоќна на светот. Ова исто така е и најмалиот Xbox досега.

Некои корисници се пожалија на социјалните мрежи дека името на конзолата е многу тешко за изговарање.

PSP4 Pro, конзолата на Sony, исто така има можност за 4К, но спецификациите на овој уред што беше претставен лани во ноември, се послаби од оние на Xbox One X.

Унапредената конзола има RAM од 12 GB и графика од 6 терафлопи. Исто така, за разлика од конзолата на Sony, има можност за користење на 4К ултра HD Blu-ray дискови.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.