Porsche влегува во Formula 1? Решение до крајот на јули

Мотоспорт
Typography

Изминатите седмици шпекулациите дека Porsche ќе влезе во Формула 1, каде ќе се врати како снабдувач на мотори, станаа се посилни, особено откако шансите на брендот да се појави во Формула Е се намалија по потврдата на Audi дека го купил тимот на Abt.

Одлуката ќе ја донесеме до крајот на јули“, вели шефот на WEC тимот на Porsche, Андреас Зајдл. „Сега неможам да ви кажам ништо повеќе. Ни претстојат „6 часа на Нирбургринг“ и неможеме да зборуваме за други теми“.

Компанијата е посветена на натпреварувањето до крајот на 2018 година, откако ја продолжи својата 3-годишна програма во шампионатот, стартувана во 2014 година. На крајот од минатата година од WEC се повлече Audi, а Volkswagen ја затвори фабричката програма во светскиот рели шампионат (WRC). И во двата случаи станува збор за решенија заради заштеда на средства по глобалниот скандал Дизелгелт.

Од Toyota велат дека во моментов не можат да коментираат како евентуалното напуштање на Porsche би се одразило на нивната WEC програма. Шефот на јапонскиот тим, Паскал Васелон, потврди дека компанијата останува во WEC и Ле Ман и следната година, но додаде дека недостатокот на Porsche „ќе биде проблем“, без да навлегува во детали.

 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.