Победа на Хамилтон, драма за Ferrari во завршницата

Мотоспорт
Typography

Луис Хамилтон ја оствари една од најдоминантните победи во неговата кариера на трката за Големата Награда на Велика Британија на патеката Силверстоун, а Валтери Ботас се погрижи за еден-два победа за тимот на Mercedes.

На Хамилтон никој не успеа дури ни да му запрети на патот кон победата во Силверстоун. Стартуваше совршено и веднаш своите најголеми ривали ги остави зад себе. Лидерската позиција ја зачува и по влегувањето во бокс, за да на крајот финишира со 10 секунди предност. Со новата победа на Силверстоун, Хамилтон се изедначи со Алан Прост и Џим Кларк, кои имаат по пет триумфи на Британското ГП.

Епилогот од трката за ГН на В.Британија е таков да сега Себастијан Фетел од Ferrari има само еден бод предност пред Хамилтон во генералниот пласман. Германскиот ас во финишот од трката доживеа распаѓање на предната лева гума (три круга пред крајот), што го чинеше дополнителни поени. Истата судбина го снајде и Кими Раиконен, но, додека Финецот успеа да го задржи местото на подиумот, Фетел падна на седмото место.

Валтери Ботас возеше фантастично, започна од деветтото место за на крајот да заврши како втор. Алтернативната стратегија на Mercedes дефинитивно се исплатеше, секако и со помош на лошата среќа на Фетел и Раиконен.

Макс Верстапен од Red Bull беше четврти, пред тимскиот колега Даниел Рикардо, кој исто така извозе одлична трка ако се земе во предвид дека стартуваше од 19-то стартно место.
Холанѓанецот тргна моќно, борејќи се со Фетел во почетната фаза од трката, при што меѓу двајцата возачи дојде и до контакт и излетување од патеката. Сепак, германскиот ја искористи предноста на брзината која му ја носи моќниот болид на Ferrari.

Во бодови влегоа и Нико Хулкенберг во Renault како шести, пред Фетел, додека Естебан Окон и Серхио Перез забележија нови поени за Force India пред Фелипе Маса (Williams).
Следната трка се вози на 30 јули на патеката Хунгароринг за ГН на Унгарија.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.